Четворица малолетници повредени во сообраќајка кај Свети Николе

Од:

Четворица малолетници, 18-годишник и 42-годишен маж се повредени во сообраќајка која се случи вчера во 16.30 часот на регионалниот пат Свети Николе – Овче Поле, кај патот за „Лозарство“.

Во сообраќајката учествувале возило „фолксваген голф“ управувано од С.К.(42) од Свети Николе и патничко возило „фиат уно“ управувано од 17 – годишник од Свети Николе.

Во несреќата со тешки повреди се здобил малолетникот, а со телесни повреди се здобиле возачот С.К. и сопатниците од возилото „фиат уно“, Н.Т.(18) од село Ерџелија и уште тројца малолетници.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

Би можело да ве интересира

Две сообраќајни несреќи со жртви во еден ден

Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија

Скопјанец ја тепал и ја избркал сопругата од дома, децата ги заклучил во тоалетот

Катерина Ѓуровски

Сообраќајот на патот Берово-Струмица e во прекин поради сообраќајка

Приведен вработен во МВР, возел во спротивна насока, а кога бил запрен, му се заканувал на полицискиот службеник

Катерина Ѓуровски

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница