Четворица македонски државјани погинаа кај Кавала

Од:

Четворица македонски државјани загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера на автопатот Кавала – Солун во Грција.

Во сообраќајката има уште шестмина повредени кои се пренесени во болницата во Кавала и се во тешка здравствена состојба. Патниците се враќале со минибус од свадба во Турција.

Во сообраќајката настрадаа 68-годишна жена, нејзиниот 42-годишен син, 38-годишната ќерка и 16-годишната внука. Минибусот го управувал зетот кој најверојатно заспал на воланот.

Грчката полиција го известила македонскиот Конзулат дека повредените се хоспитализирани во болницата во Кавала, а од македонското дипломатско преставништво на возачот на комбето му е понудена правна помош.

Сите патници во минубусот се од Струга.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он