Четворица гостиварци казнети за шетање на кучиња без ремен и маска

Од:

По акциска контрола  што ја спровела гостиварската полиција на повеќе локации низ градот, четири лица ќе добијат пријави бидејќи ги воделе кучињата без заштитни маски или ремен, информираат од СВР Тетово.

– Службеници од Полициската станица Гостивар, на неколку локации (кејот на реката Вардар, околните паркови и во училишните дворови) во Гостивар, вчера попладне  спроведоа акциска контрола, со која биле опфатени десетина сопственици на кучиња, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Дел од контролираните сопственици на кучиња биле предупредени за констатираните пропусти, а еден поради непоседување документи за лична идентификација.

Портпарлот Јосифовски најавува дека вакви или слични активности се планирани и наредните денови, со цел да се отстранат сите пропусти и незаконитости, кога станува збор за водење кучиња на јавни места.

Глобата за овој вид прекршок изнесува од 100 до 400 евра. Доколку пак кучето нападне, исплаши или повреди друго лице, предвидена е и кривична одговорност за неговиот сопственик, зависно од вкупните околности и последици.

Би можело да ве интересира

Цариници открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Горан Наумовски

МВР: Украдени 18 килограми злато вредни 1,8 милиони евра од златарница во Гостивар

А1он

Mаскирани разбојници со автоматско оружје ограбија златара во Гостивар

А1он

Висар Адеми-независен кандидат во изборната трка за Гостивар

Предраг Петровиќ

Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија

Со нож и се заканувал на сопругата, а потоа ја истепал