Четворица членови на едно семејство обвинети за држење и пренесување марихуана

Од:

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против четири лица за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Еден од обвинетите се гони и за кривично дело „неовластено изработување, држење посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Како што соопшти Јавното обвинителство, четворицата обвинети, тројца мажи и една жена, роднински поврзани, во авто сервис во Ѓорче Петров, неовластено заради продажба држеле 133,72 килограми наркотична дрога – марихуана. Од нив, на 2 мај спакувале 99,6 килограми и ги подготвиле за неовластена продажба. Дрогата во кеси и картонски кутии ја ставиле во автомобил, а остатокот го оставиле во авто сервисот.

-Истиот ден заеднички организирале пренос на марихуаната, движејќи се со три автомобили еден зад друг – прво возило со цел да известува за полициски службеници и патроли, второ возило во кое била дрогата и трет автомобил за заштита. На издадена полициска наредба да запрат на улицата „Скупи“, првиот автомобил воопшто не застанал и обвинетиот се дал во бегство. Другите две возила биле веднаш сопрени и при извршен преглед биле пронајдени картонските кутии со дрогата. По извршен претрес во авто сервисот била пронајдена и останатата марихуана, но исто така биле пронајдени и четири куршуми муниција кои еден од обвинетите ги држел без дозвола, се наведува во соопштението од ЈО.

По aпсењето, по предлог на јавниот обвинител им е определена мерка притвор. Со поднесувањето на обвинителниот акт, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на притворските мерки, бидејќи се уште постојат законските основи – опасност од бегство и можност да го повторат делото.

Би можело да ве интересира

Му носела дрога на мажот во затворот Идризово – Уапсена 40 годишна скопјанка

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени тројца малолетници во Велес – фатени во автомобил и со марихуана

Уапсена 19 годишна девојка во Карпош – Апсења и на Бит Пазар ноќеска

На Ќафасан спречен шверц на 53,3 килограми марихуана, чија крајна дестинација била Македонија

Го фатиле со марихуана – признал дека дома има уште и сам им ја предал на полицајците

Македонец ќе одговара за шверц на 250 килограми марихуана во Хрватска

Катерина Ѓуровски