Четворица анестезиолози се јавиле да ги менуваат колегите кои си дале отказ од „8 Септември“

Од:

Двајца анестезиолози од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување ќе ги заменат анестезиолозите кои во петокот дале отказ во Градската општа болница „8 Септември“. Министерот за здравство Венко Филипче смета дека со ротации нема да се почувствува недостиг не само од анестезиолози, туку и од останатите здравствени работници кои учествуваат во лекувањето на заболените од коронавирус.

„Нема да има недостаток од вкупниот број анестезиолози. Минатата недела разговаравме за замена и помош на анестезиолозите во ’8Септември’. Двајца колеги од за Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување ќе одат на помош во ’8 Септември’. Се направи распоред за да не трпи програмот на хируршките клиники. Имаме интензивна комуникација околу системот на ротација. Има ентузијазам и кај други колеги да дојадат кај овие пациенти и нема ризик за недостаток на лекари иако мора да се каже дека се веќе преморени по речиси пет месеци работа без одмор. Имаме и повеќе од потребниот број пријавени анестезиолози за помош, се пријавија четворица, но засега има потреба само од двајца“, рече министерот Филипче.

Тој нагласи дека уште на почетокот на пандемијата е донесена Уредба со која на услуга на јавното здравство е ставен и медицинскиот персонал од приватните клиники но засега нема потреба од нивно вклучување со оглед на тоа што има меѓу тројца и десетмина пациенти на респираторни машини.

Министерот потврди дека една од анестезиолозите што си дала отказ и претходно работела во приватна клиника. Изминатиот период кога се појавил интерес за враќање во јавното здравство таа дошла да работи во „8 Септември“, но сега сака да замине, а за другиот анестезиолог, министерот Филипче кажа дека е со долгогодишни искуство во јавното здравство. Во болницата има уште 11 анестезиолози.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски