Четиригодишно дете во Куманово се затру откако испи повеќе таблети

Од:

Уште еден случај за затруено дете во Куманово, евидентира СВР Куманово. Станува збор за четиригодишно дете, кое испи повеќе таблети. Од кумановската општа болница укажуваат дека по пружената помош детето е стабилизирано и е транспортирано во Клиника во Скопје.

– Ноќеска во 04:05 часот во СВР Куманово е пријавено дека во Ургентен центар Куманово за укажување на лекарска помош е донесено четиригодишно годишно дете од Куманово, кое во домот испило повеќе таблети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти СВР Куманово.

Во септември и во август, годинава беа евидентирани слични состојби на затруени деца од таблети и од детергент. Во јули, пак имаше два случаи на затруени деца со лекови, прво едногодишно бебе, исто така од липковското село Отља, а неколку дена подоцна десетмесечно бебе од Куманово

Би можело да ве интересира

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски