Четири возила запалени во подземни гаражи во Скопје, две деца пренесени во болница

Од:

Во скопската полиција, рано утрово, околу 3 часот по полноќ било пријавено дека во подземни гаражи на улицата „Седма албанска бригада“ настанал пожар при што биле опожарени три возила: „ауди“, „опел астра“ и „фолксваген пасат“, а оштетено било и „бе-ем-ве“, сите со скопски регистарации.

Пожарот бил изгаснат од екипа на скопската бригада за противпожарна заштита, а од екипа на Итна медицинска помош на местото на настанот помош им била укажана на 15 станари кои вдишале чад.

Тие се во добра здравствена состојба, додека две деца, поради вдишување чад биле пренесени на опсервација во Клиниката за токсикологија.

Надлежните преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола