Четири сообраќајки вчера во Тетовско

Од:

Четири сообраќајни незгоди, во кои меѓу другото се повредени велосипедист и седумгодишно девојче, се случиле во текот на вчерашниот ден во Тетовско, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Седумгодишното девојче, појасни тој, било повредено од засега непознато возило околу 14 часот на паркинг пред зграда во Блок 70.

– Малолетничката се здобила повреда по што била пренесена во тетовската клиничка болница и по укажаната помош таа била пуштена е на домашно лекување. Непознато е и возилото што вчера околу 11 часот и 30 минути на улица „Кавкаска“ во Тетово налетало и удрило во велосипедистот В.И.(60) од Тетово. Тој од удирањето добил телесни повреди, со друго возило бил префрлен и задржан на лекување во тетовската клиничка болница.Полицијата извршила увид и на двете места и презема активности за откривање и пронаоѓање на возилата и утврдување на идентитетот на двајцата возачи, рече Јосифовски.

Во останатите две сообраќајки причинета е материјална штета од околу 25 илјади денари. Првата се случила вчера попладне во 17 часот и 30 минути на автопатот Тетово-Гостивар, во близина на клучката за Камењане, кога патничко возило „голф“, што го управувала гостиварката И.Х (49) удрило и усмртило куче скитник при што била причинета материјална штета од околу 15 илјади денари.

Последниот случај бил забележан изминатата ноќ околу 4 часот и 30 минути. Патничко возило „Опел астра“ со тетовски регистерски таблици, управувано од тетовецот Б.Љ(33), кој забележително бил под дејство на алкохол, загубило контрола и удрило во електричен столб поставен на улица „Иво Лола Рибар“ во близина на фудбалскиот стадион во Тетово. Материјалната штета се проценува на близу 10 илјади денари.

Би можело да ве интересира

Четворица повредени во сообраќајка на регионалниот пат Струга – Дебар

Пешак загина во сообраќајка на магистралниот пат Прилеп – Битола

Поради сообраќајна незгода со жртва пренасочен е сообраќајот на регионалниот пат Битола – Прилеп

Тешка сообраќајка во Скопје, повредени се тројца малолетници

Горан Наумовски

Петмина повредени во сообраќајка на патот Битола – Прилеп

Велосипедист загина во Нови Сад, го прегази камион

А1он