А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Четири лица приведени за вчерашното разбојништво во Тетово

by А1он19/09/2018 - 11:28201
Share0

Полицијата лиши од слобода четири лица осомничени дека се сторители разбојништвото кое вчера околу 09 часот беше извршено во менувачницата, односно агенцијата за трансфер на пари лоцирана на улица „Илинденска“ во Тетово.

Следете a1on на Instagram Instagram

Секторот за внатрешни работи Тетово по преземени мерки од слобода ги лиши М.М.(56) и Р.С.(35) двајцата од Италија и Е.В.(32) и Х.Л.(57) од Тетово.

МВР денеска соопшти дека исе работи за талијанскиот државјанин М.М. и тетовците Е.В. и Х.Л. осомничени дека извршиле кривично дело „разбојништво“, а Р.С. поради сомнение дека извршила кривично дело „прикривање“.

– Првоосомничениот М.М. влегол во објектот и заканувајќи му се на вработениот со пиштол од метален сеф и фиока противправно одзел парични средства во вкупен износ од околу 20,000 евра, по што со такси возило управувано од Х.Л. веднаш се оддалечил заедно со другите осомничени, кои го чекале во непосредна близина. Набрзо, четворицата осомничени се упатиле кон угостителски објект покрај регионалниот пат Тетово – Волковија, каде ги поделиле одземените парични средства, по што во друг угостителски објект каде престојувале, лишени се од слобода од полициски службеници на СВР Тетово, се појаснува во соопштението.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во текот на денешниот ден четворицата ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

krazbapolicija

Би можело да ве интересира

Уапсени се шест возачи за безобѕирно возење, дел од нив беа пијани или возеа во спротивна насока

Горан Наумовски01/11/2026 - 12:1501/11/2026 - 12:15

Уапсен е Марко Кричак, еден од најмоќните луѓе во српската полиција

Горан Наумовски01/11/2026 - 08:30

Терористички напад во Белград во близина на израелската амбасада: Дачиќ прогласи ЦРВЕН степен на опасност од тероризам

Горан Наумовски28/10/2026 - 06:54

Франција на улиците испраќа воена единица формирана по терористичките напади во 2015 година

Предраг Петровиќ20/10/2026 - 18:57

Бесот поради скапите станови ескалира во Португалија: Судири со полицијата, приведени десетици демонстранти

Предраг Петровиќ20/10/2026 - 16:1620/10/2026 - 16:17

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он19/10/2026 - 20:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео