Четири лица повредени во сообраќајка на патот Тетово-Волковија

Од:

Четири лица се повредени и причинета е материјална штета од околу 100 илјади денари во денешната сообраќајна несреќа при превртување на патничко возило „Поло“ со тетовски регистерски таблици управувано од Џ.С(55) од Гајре, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Сообраќајката се случила денеска околу 6 часот и 45 минути на регионалниот пат Тетово-Волковија пред влезот на село Радиовце при што автомобилот управуван од Џ.С. престигнувајќи друго возило загубил контрола, удрил во дел од бетонската ограда на мостот и два пати се превртел, а потоа повторно застанал на тркала.

– Од превртувањето еден од сопатниците Р.Б (48) од Орашје задобил сериозни повреди и по укажаната лекарска помош во тетовскиот клчинички центар итно е пренесен на скопските клиники.Возачот и другите двајца сопатници, Н.Е (53) од Требош и Ш.Б (45) од Орашје задржани се во тетовскиот Клинички центар, изјави Јосифовски.

Полицијата извршила увид и првично причина за несреќата е непрописно престигнување и неприлагодена брзина според условите на патот.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он