Четири лица од Скопје не го почитувале полицискиот час

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапки против четири лица за непочитување на полицискиот час во Скопје.

Обвинетите, како што соопшти денеска Јавното обвинителство, во посебни кривично-правни настани биле затекнати како се движат на различни локации во градот во часовите кога согласно прописите со кои се определуваат мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, движењето на населението е забрането без посебна дозвола.

На овој начин тие го сториле кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

-Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози со кои за сите обвинети предложи да бидат определени парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска

Велешкото обвинителство предложи казни од по 800 евра за 10 лица за непочитување на полицискиот час

Ана Ололовска

Предложени парични казни против три лица за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска

И вечерва нема полициски час, владината одлука стапува во сила на полноќ

Жарко Настоски