Четири града немаат заболени од коронавирус, драстичен пад на бројот на активни случаи со Ковид-19

Од:

По една година бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјава падна под 1000. Ова го покажуваат последните бројки објавени од Министерството за здравство кои се однесуваат на новозаразените со коронавирус на дневно ниво.

Во последното деноноќие пријавени беа нови 29 случаи од направени 3.856 тестирања. Поради последици од коронавирусот починаа уште шест лица.

Статистиките на Министерството за здравство покажуваат дека во земјава има четири града во кои нема заболени со Ковид-19. На Дојран и на Демир Капија им се приклучуваат и Пробиштип и Пехчево. Повеќе градови како Гевгелија, Неготино, Свети Николе, Крива Паланка, Берово, Дебар, Валандово, Богданци, Крушево, Македонска Каменица и Македонски Брод имаат едноцифрен број активни случаи.

Троцифрен број активни случаи имаат само два град, Скопје (395) кој долго имаше и над 1000 заболени од Ковид-19 и Куманово со 109 случаи. Во сите останати градови има двоцифрен број заболени.

Дел од градовите во земјава кои беа регионални ковид центри веќе нема пациенти. Намален е бројот и воопшто на хоспитализираните поради компликации со корнаворусот. Последните податоци покажаа дека во земјава се лекуваат вкупно 134 лица.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски