ВИДЕО: Четири години затвор за напаѓачот на Шекеринска

Од:

Кривичниот суд му одреди 4 години затворска казна на напаѓачот на Радмила Шекеринска, Панче Ангелов од 27 април кога толпа граѓани по протестот организиран од Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ насилно влегоа во Собранието на Република Македонија.

Од видео снимките кои во овој случај беа искористени како доказен материјал јасно се гледа како Ангелов ја влече за коса актуелната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска во прес центарот на Собранието.

Судијката пред изрекувањето на пресудата изјави дека во целиот процес и во одлучувањето за висината на казната поголемо влијание имале отежнителните отколку олеснителните околности. Како што кажа таа, како најголем фактор во одлучувањето за висината на казната била отежнителната околност дека насилството се случило врз пратеник и тоа во самото Собрание на РМ.

Осудениот Ангелов на минатото рочиште го призна делото и врз основа на тоа, како и врз основа на неговата возраст како олеснителна околност, тој не ја доби максималната казна од 10 години затвор.

По завршување на минатото рочиште, Ангелов изјави дека немал намера да ја повреди Шекеринска туку само да ја тргне од гужвата. Тој рече дека се кае за делото и вети дека нема да го повтори.

Оштетената Радмила Шекеринска не присуствуваше на донесувањето на пресудата.

На минатото рочиште министерката кажа дека не го води овој процес за да добие оштета, туку со задоволување на правдата да се стави крај на насилството во Република Македонија и никогаш повеќе да не се повтори 27-ми април.

Осудениот Ангелов по изрекување на пресудата изјави дека казната е превисока и дека ќе поднесе жалба до Апелациониот суд.

Адвокатите на оштетените во случајот Радмила Шекеринска и Зоран Заев, не дадоа изјава за медиумите по изрекување на казната.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

„Политико“: Шекеринска и Габриел кандидатки за заменички на генералниот секретар на НАТО

Горан Наумовски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски