Четири часа Ременски врши увид во доказите за случајот за Меѓународниот сојуз

Од:

Веќе четири часа пратеничката и осомничена во случајот за Меѓународниот сојуз, Фросина Ременски прави увид во доказите во Обвинителството за организиран криминал и корупција што Вилма Русковска ги има против неа. Неофицијално Обвинителката има обемен доказен материјал против Ременски.

Следната недела пратеничката треба да даде исказ пред Русковска, а освен неа во Обвинителството ќе бидат повикани и заменик-претседателката на Меѓународниот Сојуз – Јасна Мандиќ, таткото на Бојан Јовановски – Миле Јовановски, асистентката на Јовановски – Кристина Блажевска како и самиот Бојан Јовановски.

Предметот е се уште во фаза на истрага, а Обвинителството дополнително ќе треба да донесе јавно-обвинителска одлука.

Ременски е осомничена дека помагала во извршувањето на делата „Измама“ и „Перење пари“ за кои се осомничени пет физички лица.

Според истрагата, во периодот од јули 2017 година до април 2018 година, првоосомничениот како претседател на осомниченото правно лице, искористувајќи документи од правното лице, довел и одржувал во заблуда двајца управители на две друштва за градежништво.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов

Сестрата на Камчев за позајмените пари: Планира да ми ги врати, досега не ме изиграл

Кристијан Ландов