Честитки до претседателот Иванов по повод 8 Септември – Денот на независноста

Од:

По повод 8 септември, Денот на независноста на Република Македонија и 25-годишнината од создавањето на суверена и самостојна држава, голем број шефови на држави од светот испратија честитки до Претседателот на Република Македонија,д-р Ѓорге Иванов. Ги пренесуваме пораките добиени до овој момент.

Претседателот на Соединетите Американски Држави, г. Барак Обама во името на американскиот народ упати честитка до претседателот Иванов и до граѓаните на Македонија. „За време на минатиот четврт век, Македонија исполни значајни цели на патот на евроатлантските интеграции. Соединетите Американски Држави се горди што ви беа партнери за ова време. Очекуваме продлабочување на соработката, како што вашата нација продолжува да чекори кон демократска и просперитетна иднина“, пишува во честитката на американскиот претседател Обама.

Претседателот на Сојузна Република Германија, г. Јоахим Гаук во честитката до македонскиот претседател истакнува декаМакедонија моментално се наоѓа пред значајни реформи, кои преку зајакнување на правната држава и демократијата треба да овозможат понатамошно приближување кон Европската унија. „За активно спроведување на овие реформи потребен е значителен ангажман како и блиска соработка на сите политички и општествени сили. Германија и понатаму ќе продолжи да ве поддржува како пријател и партнер во тоа“, стои во честитката на германскиот претседател Гаук.

Честитка до претседателот Иванов упати и претседателот на Република Турција, г. Реџеп Таип Ердоган кој изразува задоволство од фактот што нивото на прекрасните односи меѓу Турција и Македонија, со честите меѓусебни посети на високо ниво уште повеќе се развиваат и стануваат разновидни. „Сакам да потенцирам дека поддршката што ја даваме за евроатлантските интеграции на Македонија, ќе продолжи и во иднина. Сплотувањето на Македонија во евроатлантските институции, која е земја каде што различните етнички и верски заедници живеат со меѓусебно почитување, цврсто сум убеден дека ќе придонесе за зачувување на мирот и благосостојбата не само во Вашата земја, туку и во земјите од Балканот“, стои во писмото од претседателот Ердоган.

Честитка по повод Денот на независноста пристигна и одпретседателот на Унгарија, г. Јанош Адер, во која се изразува силна поддршка за натамошно развивање на билатералните односи и соработката меѓу двете држави и народи. „Искрено се надевам дека Македонија, како што е докажано многупати низ историјата, успешно се справува со предизвиците од нашето време и успешно ќе го продолжи патот кон европската интеграција. Ве уверувам дека вашата земја и понатаму ќе може да смета на посветена поддршка на Унгарија”, пишува претседателот Адер во писмото до македонскиот претседател.

Успех и просперитет на сите граѓани на Република Македонија во честитката до претседателот Иванов посака претседателот на Чешката Република, г. Милош Земан. „Цврсто верувам дека заемното разбирање и пријателство меѓу нашите земји ќе продолжи да се развива во интерес на натамошното јакење нанашата соработка од заемен интерес. Со задоволство се сеќавам на нашата средба во Охрид и на нашиот интересен, реален и инспиративен разговор”, се вели во честитката од чешкиот претседател Земан.

Писмо со честитки по повод 8 Септември до претседателот Иванов упати и претседателот на Швајцарската Конфедерација, г. Јохан Н. Шнајдер-Аман. „Уверен сум дека заемната доверба и пријателство меѓу нашите две држави ќе се продлабочат и во наредната година“, стои во честитката со желби за здравје и просперитет на граѓаните на Република Македонија.

Претседателот Иванов прими честитки и од кралицата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Н.В. Елизабета ǁ, кралот на Кралството Холандија Н.В. Вилем-Александер, од кралот на Белгијците, Н.В. Филип, од кралот на Шведска, Н.В. Карл Густав, како и од императорот на Јапонија, Н.В Акихито, со желби за среќа, благосостојба и просперитет на граѓаните на Република Македонија.
Сектор за односи со јавност

Би можело да ве интересира

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он

Шкотска пак ќе гласа за независност, предложен закон за нов референдум

Жарко Настоски

Британските лабуристи поддржуваат нов референдум за независност на Шкотска

Косово одбележува 11 години независност

Цариградскиот патријарх со одлука за признавање на Украинската црква

Кристијан Ландов

Џафери: Пред 27 години во Собранието поставени стратешките цели на Македонија – евроатлантските интеграции

Наум Локоски