Честитка од Заев до Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх за Бадник и Божик

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во чест на големите празници Бадник и Рожденство Христово Божик испрати честитка до Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов и до сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија, во свое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз.

„До Вас лично и до сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија, во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз, упатувам искрени честитки за Бадник и за големиот христијански празник, Рожденство Христово Божик.
Празничните денови го враќаат спокојот во срцата на луѓето. Ги насочуваат кон вистинските вредности, љубовта, разбирањето, почитта, толеранцијата, трпеливоста, желбата да се помогне, храброста да се застане на страната на вистината и правдата, како универзални предуслови за еден човек да може да ја почувствува радоста.

Во годината пред нас, повеќе од кога било, сите ние, имаме потреба за духовна сила што ќе ни помогне да се исправиме пред предизвиците, пред неправдите, да зачекориме поодлучно кон сопствената слобода, кон нашето право да се грижиме за блиските, за нашите сограѓани, за нашата држава, следејки го гласот на совеста, што е глас на Бога.

Затоа, пожелувам секој да го пронајде овој благослов во себе и заеднички да создадеме општетство на насмеани и среќни граѓани.
Божикните и новогодишни празници поминете ги во мир меѓу своите сакани“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Власта ги излажа студентите, не го зголеми студентскиот оброк на 160 денари

А1он

(ВИДЕО) Петрушевски: Дали Љупчо Коцевски молчи, затоа што тој бил задолжен од ЈО за следење на издавањето на ПИ мерките?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Мицкоски се плаши од декласификација поради потврда на милионски криминал на ВМРО-ДПМНЕ?

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ крадеше, правеше предавства и ги уништуваше институциите

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Орце собира тим од луѓе осудени за корупција и примање поткуп

А1он