Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети во име на членовите и поддржувачите на ДУИ и во свое лично име, на сите муслимански верници им го честита големиот празник Рамазан Бајрам, посакувајќи им здравје и благодет во нивните семејства.
– Месецот Рамазан и Рамазан Бајрам не враќаат кај најдобрите човечки вредности на кои силно рефлектираме во текот на месецот на постот и празникот Бајрам.
Посакувам овој празник да ве пронајде во радост покрај вашите семејства и да не обедини во мир и подадена рака за меѓусебно разбирање, солидарност и добри дела, вели во честитката Ахмети.