А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Честитка за Бајрам од премиерот Груевски

by А1он27/07/2014 - 15:49165
Share0

Премиерот Никола Груевски денеска упати честитка до претседателот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи и до сите верници од исламската вероисповед во државата, по повод исламскиот празник Бајрам, посакувајќи им убави празнични денови, многу радост, среќа, здравје и спокој.

Добивај вести на вибер

– Ова се денови од неизмерно големо значење за Вашата заедница и духовна посветеност. Честитајќи Ви го празникот, Ви посакувам и сите други месеци од годината да ви бидат исполнети со вредностите и благодетите на најблагородниот и најсреќниот месец за Вас, месецот Рамазан. Вербата во Бога да нè води кон вистинскиот пат и постојано меѓу луѓето да владее слога и почитување без разлика на религиската, верската, или каква било друга определба, се вели во честитката.

Премиерот истакнува дека религиите и верските учења треба да се искористат за продолжување на столетната традиција на пријателство, единство и хармонија.
– Да ги искористиме религиите и верските учења за убави нешта, за продолжување на столетната традиција на пријателство, единство и хармонија, како основа за забрзан економски, културен и сеопшт развој на Република Македонија. Тоа е единствениот пат кој води кон подобар животот на нашите граѓани, во секој дел на државата, во секое поле и од секаков аспект. Ние силно работиме на оваа агенда и уверен сум дека заеднички ќе продолжиме да чекориме по истиот пат, вели во честитката премиерот Груевски.

bajram

Би можело да ве интересира

Зајкова: Среќен и благословен Бајрам – исполнет со мир, хармонија и заедништво

Предраг Петровиќ30/03/2025 - 10:2030/03/2025 - 10:33

Талат Џафери упати честитка по повод Фитер Бајрам

А1он24/05/2020 - 10:16

СРМ: Настанот во Шуто Оризари не е тепачка, туку изборен инцидент

Наум Локоски03/10/2017 - 16:10

Првиот ден на Курбан Бајрам, 1. септември, неработен за граѓаните од муслиманска вероисповед

Наум Локоски25/08/2017 - 13:40

Честитка од Комисијата за односи со верските заедници по повод Курбан Бајрам

Емир Латифовиќ11/09/2016 - 11:59

Курбан Бајрам, 12 септември, неработен за граѓаните од муслиманскa вероисповед

Емир Латифовиќ06/09/2016 - 15:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен