Честитка по повод Рамазан Бајрам од Рускиот конзулат во Битола

Од:

Почесниот Конзулат на Руската Федерација во Битола упати честитка по повод Рамазан Бајрам до припадниците од исламска вероисповед во Македонија.

– На верниците од исламска вероисповед им посакувам овој празник да го прослават во радост и среќа, со топли чувства кои ќе го исполнат семејниот дом. Токму тука, помеѓу најблиските, се наоѓаат темелите на човековата сила, издржливост и енергија за справување со сите животни предизвици.

Преиспитувајќи се себе си, човек препознава простување, разбирање и подготвеност да се прифати другиот. На тој начин се афирмираат највисоките општествени вредности на кои почива и единствено како таков е можен соживотот помеѓу сите припадници на заедницата, се вели во честитката од Рускиот конзулат во Битола.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Да го негуваме соживотот, да градиме доверба, да вложуваме во заедничка иднина

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Рамазан Бајрам -10 април, неработен ден за сите граѓани

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Ана Ололовска

Редарски служби за Велигден и Рамазан Барјам, кинеските вакцини во петок

Катерина Ѓуровски