Честитка по повод празникот Св. Климент Охридски од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски

Од:

„На граѓаните на Република Македонија им го честитaм големиот Христијански празник – Св. Климент Охридски.

Денес го чествуваме светото дело на големиот просветител Св. Климент Охридски, најголемиот ученик на светите браќа Кирил и Методиј. Неговото вонвременско дело, азбуката Кирилица, денес не е само дел од македонското културно наследство, туку е дел од културата на повеќето словенски народи, дел од европските и светските универзални вредности. Неговото дело е цивилизациски придонес во насока на описменување на цели народи, за што вечно се задолжени не само словенските народи и култури, туку Европа и целиот свет.

Ние како народ и како држава сме особено горди што од нашето тло отпочна еден просветителски бран кој останал запишан со светли букви во светската културна ризница.

Токму ликот и делото на Св. Kлимент Охридски и неговиот труд и искрената посветеност се вистински пример за тоа како може да се постигне многу и може да се придонесе кон живот базиран на принципи и вредности. Да го следиме Свети Климент и неговото дело кое е огромно и величествено. Патот на меѓусебно почитување и посветена работа, е пат до успех и благосостојба.

Нека е вечен неговиот спомен, нека е вечна инспирацијата од неговите дела!

Нека ни е честит и вековит големиот празник – Св. Климент Охридски“ се вели во честитката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Мицкоски: Дел од функционерите на поранешната владина коалиција во Будимпешта се среќавале со Груевски

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно