Честитка од Зоран Заев по повод светскиот ден на Ромите

Од:

Градоначалникот на Струмица, Зоран Заев упати честитка по повод светскиот ден на Ромите.

„Денес е Ваш ден, ден на кој треба да бидете горди. Поминаа 44 години од Првиот конгрес на Ромите одржан во Лондон, на кој беше  усвоено Вашето официјално знаме, беше избрана Вашата химна, а беа  официјализирани како рамноправни, сите ромски дијалекти на кои се зборува во светот.

Од тогаш до денеска, борбата за Вашите права е во континуиран растеж. Вие тоа го заслужувате бидејќи сте дел од Европа, Балканот и Македонија, бидејќи сте дел и од општина Струмица“, изјави Зоран Заев.

„Вашата целосна интеграција во општеството и заедницата, во вистинската смисла на зборот, треба да остане наша примарна задача, особено на социјален и економски план. Мора да ви бидат создадени сите неопходни услови за непречено негување на Вашиот јазик, култура и традиции кои се белези на Вашиот идентитет.  Во таа смисла, секогаш ќе ја имате полната поддршка од мене и од Општина Струмица.

Нека ви е честит и вековит Светскиот ден на Ромите“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски