Честитка од Заев по повод празникот Велигден

Од:

„Во миговите на искушенија, предизвици, премрежја и заедничко доживување на нашата „општествена Голгота“, време е да им се поклониме на нашите традиционални духовни вредности, кои се највредното наследство добиено од нашите предци. Време е да ги разбудиме верата, надежта и љубовта и да ги отвориме портите на нашите срца и души за богољубие и човекољубие.

Христовото Воскресение, најголемото чудо од сите чудеса на овој свет, нека ни ги осветли патиштата што од нашите домашни прагови водат до божјите храмови, за да ја чуеме радосната вест од Христовите служители. Таа вест повторно ќе не потсети, која е смислата на нашата вера и постоење.

Велигден, тој празник над празниците, нека донесе во сите Ваши домови и семејства здравје, среќа, радост, благосостојба и хармонија, и нека ни ја прочисти љубовта кон Севишниот.

Да си посакаме сите, Христовото Воскресение да ни ги воскресне насмевките, да ни ја воскресне надежта во поубаво утре и да ни го воскресне нашиот заеднички слободарски дом, домот на вредните и праведните.

Среќен Велигден. Христос Воскресе“, вели Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поддршка за протестот на работниците, платите за време на СДСМ драстично пораснаа

СДСМ: Мицкоски, ги применува истите тие правила на својот учител Груевски

Горан Наумовски

СДСМ: Го поддржуваме протестот и барањата на работниците

Горан Наумовски

Нелоски: Татко ми има право на приватен бизнис, фирмата никогаш не добила тендер

ВИДЕО: Тендерската мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски, тврди СДСМ

Онлајнмедиа со осуда за прес конференцијата на СДСМ: Партијата не смее да дискредитира медиуми