А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Честитка од Заев по повод големите христијански празници Бадник и Рождество Христово Божик

by А1он06/01/2015 - 11:15219
Share0

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, по повод големите христијански празници Бадник и Рождество Христово Божик, во свое име и во име на СДСМ, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, како и до сите верници од православна вероисповед во земјава:

Добивај вести на вибер

„Вам лично, на членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво и на сите православни верници, во свое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз, упатувам искрени честитки по повод големите празници Бадник и Рождество Христово Божик, со најискрени желби за добро здравје и лична, семејна и општествена благосостојба.

Во духот на христијанските вредности, овие празнични денови, во секое срце нека внесат мир, во секој дом нека донесат топлина, светлина, радост и љубов и нека го зацврстат единството и почитувањето меѓу сите луѓе во земјава.

Раѓањето Христово Божик е поттик за надеж и верба во подобро утре.

Сите заедно да дадеме придонес во солидарноста и толеранцијата, негувањето на човековите вредности: чесноста, слободата, заложбите за вистината и правдата, за да овозможиме спокен и среќен живот за сите граѓани во Република Македонија“.

Скопје, 06.01.2015 год.
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

praznicisdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:34

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:31

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

Горан Наумовски04/04/2026 - 16:03

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Горан Наумовски04/04/2026 - 10:15

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски03/04/2026 - 11:3203/04/2026 - 11:49

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

Горан Наумовски02/04/2026 - 16:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто