Честитка од Заев до новиот премиер на Шпанија Санчез

Од:

Македонскиот премиер Зоран Заев денеска испрати писмо со честитки до Педро Санчез, новоизбраниот претседател на Владата на Кралството Шпанија, со желби за успех во извршувањето на функцијата.

Во писмото Заев го реафирмира интересот и подготвеноста на Република Македонија за натамошно унапредување на односите помеѓу, како што наведува, двете пријателски држави и за продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес, во духот на заедничките заложби за демократска, стабилна, безбедна, обединета и просперитетна Европа, информира владината прес-служба.

– Република Македонија особено ја цени досегашната шпанска поддршка за евро–атлантските интегративни процеси на Република Македонија, и во овој контекст, се надевам на Ваша зајакната поддршка за започнување на пристапните преговори со Европската Унија и стекнување полноправно членство во НАТО Aлијансата, се истакнува во писмото.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски