Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод Велигден

Од:

ВМРО-ДПМНЕ на сите православни христијани во Република Македонија им го честита големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.

– Денеска се прославува најголемиот христијански празник, ден кога верниците се радуваат на победата на животот над смртта. Овој празник е најсветлиот ден во годината кој одново ја воскреснува надежта за подобар живот и подобро утре. Нека светлоста и блаженството на овој ден ги огрее домовите и срцата на верниците, а радоста нека се сподели со најближните, пријателите и соседите, се вели во честитката.

Во Македонија, се додава во честитката, со векови сме покажале дека умееме заеднички да се радуваме и духовно да се обединиме во празнувањата, водени од традицијата, заедничките вредности, духот на толеранцијата и разбирањето.

– Нека овој Велигден биде нов поттик за заедништво и зближување. Само така ќе можеме да продолжиме да го градиме патот кон подобра иднина, благосостојба на сите граѓани и личен и заеднички напредок. Само така ќе ја постигнеме нашата единствена цел да ја изградиме Македонија и духовно побогата и попросперитетна. Нека Бог ја благослови нашата татковина Македонија. Нека е честит и за многу години празникот Велигден. Христос воскресе, навистина воскресе, стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ до православните верници.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ