Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод Светскиот ден на Ромите, 8 април

Од:

ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на ромската заедница во Република Македонија им го четита Светскиот ден на Ромите 8 април.

Како што наведува ВМРО-ДПМНЕ, Ромите се составен дел на културното, политичкото и економското живеење во државата и нивниот придонес во изградбата на мултиетничкиот и мултикилтурниот карактер на Република Македонија е огромен.

– Република Македонија е нашиот заеднички дом во кој сите посветено треба да работиме да обезбедиме попросперитетна иднина за нас и нашите поколенија. Тоа што заедно сите го работевме и во иднина ќе го работиме, е да обезбедиме економски, културни, образовни и политички услови за напредок на секој наш граѓанин, вклучително и на Ромите, бидејќи тоа е влог кон изградба на Република Македонија во стабилна, силна и перспективна држава, стои во честитката.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ