Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод Рамазан Бајрам

Од:

ВМРО-ДПМНЕ на сите верници од муслиманската вероисповест во Република Македонија им го честита големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.

– Празничните денови се моменти на радост, но и моменти на заедништво, солидарност и разбирање, вредности кои се длабоко вкоренети во нашата традиција и нашето битие. Во Македонија со векови сме ги граделе темелите на меѓуетнички и меѓурелигиски соживот, а големите празници како Рамазан Бајрам се моменти кога ваквите темели ги јакнеме и зацврстуваме, бидејќи тие се гарантот за напредокот и благосостојбата во нашето општество, стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ.

На сите верници од муслиманска вероисповест, ВМРО-ДПМНЕ им посакува празникот Рамазан Бајрам да го поминат во спокојна и радосна атмосфера со своите ближни, во моменти на благосостојба, затоа што, како што се наведува, личната благосостојба и успех се основата на просперитетот на една држава како целина.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела