Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод католички Божик

Од:

ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните во Република Македонија кои денеска го прославуваат Рожденството Христово – Божик по Грегоријанскиот календар, им го честита големиот христијански празник и им посакува пријатни празнични мигови.

– Ова е празник кој зближува и кој не потсетува на традиционалните вредности на хуманост, разбирање и меѓусебно почитување. Празниците се денови на радост и среќа која треба да ја споделиме со сите останати. Споделената среќа е уште поголема. Светлината на големиот празник треба да ни го осветли патот и да не научи да живееме заедно, заедно да се радуваме на успесите и заедно да работиме за нашата благосостојба. Само така ќе ја постигнеме заедничката цел, напредок на нашата Македонија, се вели во честитката од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела