Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод Денот на независноста

Од:

ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија им го честита државниот празник.

– Тоа е денот кога Македонија ја круниса својата вековита борба за самостојност. 8 Септември е третиот Илинден за Македонија, кога сонот на илјадници херои кои се саможртвуваа за својата татковина, стана реалност. Нивната храброст и решеност беа водилка на сите генерации и аманет кој како пламен гори во секој од нас. Нека овој ден не обединува и потсетува од потребата заедно сите да се вложиме во процесот на изградбата и напредокот на нашата татковина.

– Македонија е градена со рацете на нашите предци и со почитта кон разликите кои не сплотуваат. Сите ние, без разлика на политичката, етничката и верската припадност, имаме обврска да ја продолжиме вековната борба, но овојпат како борба за создавање нови дела и поголем просперитет на Република Македонија. Да живее Македонија. Да ни е вековит празникот. Да ни е вековита татковината, се вели во честитката од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ