Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод 11 Октомври

Од:

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија им го честита Денот на народното ослободително востание, државниот празник 11 Октомври.

– Денес се поклонуваме пред храброста и жртвата на храбрите синови на Македонија кои  пред  72 години ја започнаа борбата за конечно ослободување на нашата заедничка татковина. Тогаш тие ја продолжија вековната битка на генерации херои од Македонија кои ги положуваа своите животи пред олтарот на слободата. Нивниот сон, стана јаве и ние денес го живееме, се вели во честитката од ВМРО-ДПМНЕ.

Токму денес, како што истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ, го славиме нивното дело и саможртва и се присетуваме на македонскиот непокор кој и во најтешките мигови од нашата историја не не напуштил.

– Така било во минатото, така е и денес. Аманетот кој ни го оставија нашите предци од народноослободителната епопеја е жив оган кој до ден денес гори во секој од нас. Ние ќе го продолжиме нивното дело, овојпат под пораката да останеме сполтени и единствени кон остварување на вечните идеали за слободна, но и напредна Македонија. Ако заедно се бориме за нашата татковина, за нејзиниот просперитет, за националните и државни интереси ќе го оствариме во целост стремежот на сите оние кои ги жртвуваа своите животи за нашата слобода, стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС намерно ја извртува јасната уставно-правна природа на Резолуцијата и продолжува со ширење паника

СДСМ: ДПМНЕ се мачи да го одвлече вниманието на граѓаните од најважното прашање – предавството на Македонија, мигранти за пари

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Предраг Петровиќ

Стојаноски: Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Предраг Петровиќ

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ признаа договор за мигранти за пари, ја предадоа Македонија!

Горан Наумовски