Честитка од Вељаноски по повод Денот на македонската револуционерна борба

Од:

Претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, денеска упати честитка до сите граѓани на Република Македонија.

– Одбележувањето на 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба e потсетник за првата семакедонска организација и нејзината најголема цел да го обедини македонскиот народ и да ја исполни вековната желба за слободна Македонија. Македонската револуционерна организација е поттикнувачката сила и олицетворение на македонскиот непокор преку кој ќе се води бoрбата на сите генерации кои ќе следат до конечно остварување на најголемиот сон за слободна и независна Македонија, вели во честитката Вељаноски.

Подвлекува дека наша должност кон нашите револуционери, херои и борци е никогаш да не го заборавиме нивниот пат исполнет со безброј тешки препреки, но тоа е и единствениот пат кон успехот кој мораме и ние да го изодиме. – Ние мораме да ја чуваме слободата и независноста на Република Македонија, да го чуваме нашиот идентитет, нашето културно и духовно наследство, бидејќи тоа е долг кон нашите предци и обврска за нашите поколенија, истакнува претседателот на Собранието.

Јас сум уверен, нагласува Вељаноски во честитката, дека заедничка ни е определбата кон изградбата на нашата татковина Република Македонија во силна, модерна и напредна држава, со која ќе сме горди и посветено ќе работиме на успешно надминување на сите предизвици кои ќе следат.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски