Честитка од Вељаноски по повод Денот на независноста

Од:

Претседателот на Собраниието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска, од името на пратениците и од негово лично име, упати честитка до граѓаните по повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија.

– 8 Септември 1991 година е датум кој беше дочекан со нетрпение од граѓаните на Република Македонија, бидејќи сонот стана реалност, а жртвата за независна и сопствена држава не остана залудна. Жртвата стана симбол кој никој Македонец нема да ја заборави, а жртви имаше многу, од илинденците, борците во Народноослободителната војна, па до жртвите од комунистичкот режим. Сите овие луѓе само сакаа да живеат во своја татковина. Никогаш да не ги заборавиме жртвите кои паднаа за независна Македонија, вели во честитката.

Да бидеш независен, додава Вељаноски, значи да бидеш слободен, слободно да го зборуваш сопствениот мајчин јазик, да ја читаш и славиш сопствената историја, да имаш слобода да ја чуваш и негуваш сопствената култура и традиција, и да се нарекуваш така како што се чувствуваш.

– Ние сме Македонци, по род, јазик и култура, а нашата држава е Република Македонија. Така и ќе продолжиме да се нарекуваме бидејќи сега сме независни, сега сме слободни, а за слободата се изборивме со многу волја и пожртвуваност. Денес гордо и заслужено го славиме овој датум, 8 Септември, 22 години слободна и независна Република Македонија. Да ја чуваме независноста на нашата татковина. Тоа им го должиме на нашите предци, го должиме на нас самите и на нашите поколенија, истакнува Вељаноски во честитката.

Би можело да ве интересира

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он

Шкотска пак ќе гласа за независност, предложен закон за нов референдум

Жарко Настоски

Британските лабуристи поддржуваат нов референдум за независност на Шкотска

Косово одбележува 11 години независност

Цариградскиот патријарх со одлука за признавање на Украинската црква

Кристијан Ландов

Џафери: Пред 27 години во Собранието поставени стратешките цели на Македонија – евроатлантските интеграции

Наум Локоски