Честитка од УМС на ВМРО-ДПМНЕ по повод Меѓународниот ден на младите

Од:

Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ денеска упати честитка до сите млади луѓе по повод Меѓународниот ден на младите 12-ти август, прогласен од страна на Организацијата на Обединетите нации.

УМС на ВМРО-ДПМНЕ, во соопштението, ја поздравува и поддржува иницијативата на градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачевски, кој по повод овој Меѓународен ден формира младинско тело, кое со својата работа ќе земе активно учество во подобрување на статусот на младите луѓе во општествово и ќе биде иницијатор за формирање на локалната младинска стратегија.

УМС на ВМРО-ДПМНЕ и во иднина ќе работи со младите и за младите, затоа што токму младите се двигател на секое современо, развиено и демократско општество.

Би можело да ве интересира

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните