Честитка од СДСМ по повод националниот ден на Власите

Од:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Бранко Црвенковски, денеска, по повод Националниот ден на Власите упати честитка до сите граѓани на Република Македонија, припадници на влашката заедница.

– Во мое лично име и од името на СДСМ на сите припадници на влашката заедница во Република Македонија им го честитам овој голем ден со искрени желби за успешно промовирање, негување и ширење на влашката култура и традиција во Република Македонија, вели во честитката Црвенковски.

Власите, како што посочува,  низ историјата имаат значаен придонес во градењето на македонската држава и во негувањето на различностите и меѓуетничката толеранција во нашето општество преку промовирањето на сопствените културни вредности.

– Со заедничкиот стремеж за унапредување на меѓусебните односи даваме пример на нашите деца и праќаме порака за почитување и соживот во Република Македонија, додава Црвенковски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО