Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска упати честитка по повод Националниот ден на Власите – 23 мај.
– Со овој значаен ден за припадниците на влашката заедница се одбележува и залагањето на вашите предци за признавање на влашкиот народ како посебен народ и придонесот во правец на зачувување на влашкиот јазик и култура, вели Џафери во честитката.
Влашката заедница, додава тој, е уставно признаена заедница која активно придонесува во општествениот и културниот живот во Република Македонија, и претставува важна нишка од минатото, сегашноста и иднината на нашата држава.