Честитка од претседателот Иванов по повод раѓањето Христово – Божик

Од:

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов упати честитка до Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и до сите христијани по повод големиот празник раѓањето Христово – Божик.

– Имам особено задоволство и чест Вам лично и на членовите на светиот архиерејски Синод, на преподобното монаштво и свештенство, како и на сите православни верници, да Ви го честитам големиот христијански празник Раѓањето Христово – Божик, и да Ви посакам во добро здравје, радост и среќа да ги поминете празничните денови, се вели во честитката од претседателот Иванов до г.г. Стефан.

Празнувајќи го овој голем празник во кругот на нашите семејства и ширум храмовите на нашата света Македонска православна црква, се додава, да не заборавиме да посведочиме за безмерната божја љубов и милосрдие и инспирирани од Исусовото раѓање да го славиме и да му се радуваме на животот.

– Во духот на пораката на овој празник на светлината, дозволете уште еднаш најискрено да посакам во срцата на сите православни верници да се всели мирот и спокојството, почитта и разбирањето и да продолжиме да даруваме безусловна љубов кон ближните, секогаш подготвени безрезервно да им ја понудиме нашата помош и поддршка. Нека е честит празникот и за многу години. Христос се роди!, се нагласува во честитката од претседателот Иванов по повод Божик.

Би можело да ве интересира

Партијата на Мерц ќе ја поддржи поранешната министерка Илзе Ајгнер за претседател на Германија

А1он

Божикна средба кај архиепископот Стефан

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Со божиќна порака, бискупот Киро Стојанов повика на заедништво

Филипче: Да создадеме трајни вредности за идните генерации