Честитка од премиерот Заев по повод Денот на Власите

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, на сите припадници на влашката заедница во Република Македонија им го честита Националниот ден на Власите, 23 мај.

Во честитката премиерот Заев истакнува дека Влашкиот народ како посебна етничка, јазична и културна заедница, има особено значење и место во заедништвото на народите на Република Македонија.

– Придонесот на Власите во историјата, во општествениот и културен развој и во градењето на современата Република Македонија е од непроценлива важност. Овој голем ден за влашката заедница и за Република Македонија, е составен дел од нашата културна и општествена матрица да ги почитуваме и негуваме традиционалните вредности и меѓусебното разбирање на сите етнички заедници, како влог во просперитетот на нашата држава и во заедничкиот концепт – Едно општество за сите, се наведува во честитката.

Премиерот изразува желби за добро здравје, разбирање, мир и благосостојба на сите припадници на Влашкиот народ и на сите останати граѓани на Македонија.

– Преку негување на вредностите што ги споделуваат сите заедници, да ги издигнеме нашите напори и определби за градење европска и демократска Република Македонија, во која се промовира еднаквост, почитување и заедништво за сите граѓани, се вели во честитката по повод Националниот ден на Власите, на премиерот Заев.

Би можело да ве интересира

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези

Владата бара разрешување на државниот обвинител Коцевски

Горан Наумовски

СДСМ: Нема бегање Томовски, фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски започна реконструкцијата на Владата, вчера зборуваше повторно за избори

Горан Наумовски