Честитка од премиерот Груевски за Голема Богородица

Од:

По повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица-Голема Богородица, премиерот Никола Груевски денеска испрати честитка до поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, г.г. Стефан.

– Празнувањето на овој ден останува вечно да говори за мајката Божја, која помеѓу сите други беше благословена на свет да го донесе синот Божји и со тоа да му подари љубов и спасение на целиот наш род. Нејзиниот живот, чистината, кроткоста, љубовта и посветеноста на Бога, остануваат вечно да зрачат помеѓу христијанското население ширум светот. Во Македонија, нејзината светост – Дева Марија останала силно да се почитува и прославува како заштитница на сите жени, молитвеница за сите идни мајки и закрилница на сите христијани, се вели во честитката.

Токму затоа, се наведува во честитката, прославувајќи го големиот празник Успение на Пресвета Богородица, да си споменеме за нејзиниот живот и за нејзината големина. Преку нејзиниот пример, да се потсетиме на мајчинството и на улогата на секоја жена во нашите семејства, на сета нивна безусловна љубов, трпеливост и жртва за своите чеда, за своите рожби и за својот дом. Да ги почитуваме, вреднуваме и сакаме. Да се помолиме на Богородица за милост и благодат, а Бог да ни дарува благослов, многу здравје и многу рожби во секој дом и во секое христијанско семејство.

– Вредностите кои се поврзани со Пресвета Богородица да продолжат да бидат основа на нашиот систем и наша водилка, инспирација и мотивација за продолжување со нашите напори за унапредување на секоја општествена сфера, и за обезбедување на подобри услови за развој на секоја индивидуа, на општеството и на нашата држава Република Македонија, стои во честитката од премиерот Груевски.

Би можело да ве интересира

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Поранешниот премиер на Украина, Микола Азаров осуден на 15 години затвор за велепредавство

А1он

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски