Честитка од премиерот Груевски по повод Успение на Пресвета Богородица

Од:

Премиерот Никола Груевски денеска упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан по повод големиот христијански празник – Успение на Пресвета Богородица.

– Дозволете ми вам лично, на членовите на Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, како и на сите православни верници од Македонија и дијаспората, од мое лично име и од името на Владата на Република Македонија, да ви го честитам големиот христијански празник – Успение на Пресвета Богородица. Празнувајќи го овој празник, да се потсетиме на добрината, кроткоста и трпеливоста на Пресвета Богородица, да си споменеме за нејзината љубов и мајчинска грижа, но и да се потсетиме на нашите мајки, на нашите родители, на нашите постари. Како што Христос ја имал блиску при себе својата Мајка, така и ние да ги имаме за блиски нашите родители, вели премиерот Груевски во честитката.

Нека Пресвета Богородица, додава Груевски, биде наша водилка, наша поткрепа, нека подари здравје и љубов во сечие семејство.

Би можело да ве интересира

Поранешниот премиер на Украина, Микола Азаров осуден на 15 години затвор за велепредавство

А1он

Саграда Фамилија стана највисоката црква во светот

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски