Честитка од премиерот Груевски по повод 11-ти Октомври

Од:

Премиерот Никола Груевски денеска на сите македонски граѓани им го честита 11-ти Oктомври, Денот на големото народно востание против фашизмот во Македонија.

– Прославувајќи го денешниот ден ја славиме и последната етапа од долгиот и трнлив пат за создавање сопствена и самостојна држава Македонија. 11-ти Октомври и дострелот на првото заседание на АСНОМ им дава целосна смисла на сите претходни етапи од Илинденското, Кресненското, Карпошовото и сите други претходни востанија. Партизанското движење и неговите предводници ја имаа таа привилегија да го предводат и доведат нашиот народ кон остварување на стремежот на сите претходни генерации, да се достигнат победата и слободата, наведува Груевски во честитаката.

Поуките извлечени од вековните борби и тежината низ која минувале нашите предци, нагласува, се одличен пример дека ништо во животот не се добива на лесен начин и дека за остварување на целите е потребна постојана работа и многу труд.

Според Груевски, најдобар начин за почит кон ваквите празници и големи дела на нашата историја, е да се вложиме искрено и максимално за денешните потреби и предизвици на Македонија.

 – Нашата улога во сегашноста е алка која го поврзува синџирот на минатото и иднината. Секоја генерација ја носи таа одговорност, ја носиме и ние. Партизаните одговорија кога беше потребно и со име и со жртва и со траен белег во историјата. Како ќе се покажеме ние зависи од нас. На тој пат имаме од кого да учиме, имаме и за кого да се вложиме. Тоа е нашата земја, тоа се нашите деца, тоа се следните генерации на Република Македонија, стои во честитката.

Премиерот подвлекува дека целта на државата денес е да ја подобри економијата, да обезбеди работа и сигурна иднина за граѓаните, добро образование за младите, можности за оние кои сакаат да напредуваат, да изгради систем базиран на принципи и вредности.

– Тоа е нашата заедничка цел и ние работиме на тоа, напоменува претседателот на Владата, изразувајќи желби за успешна и вечна Македонија.

Би можело да ве интересира

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Мицкоски: Дел од функционерите на поранешната владина коалиција во Будимпешта се среќавале со Груевски