Честитка од премиерот Груевски по повод Денот на независноста-8 Септември

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска упати честитка по повод Денот на независноста на Република Македонија – 8 Септември.

– Деновиве бележиме 22 години од моментот на чест и храброст, кој македонските граѓани го имаа за да бидат носители на демократија, слобода и солидарност. Во тој момент се постигна повеќевековната цел, се исполни аманетот на нашите предци и желбата на сите нас да живееме во слободна, независна и суверена Република Македонија, се вели во честитката од премиерот.

На 8-ми септември 1991 година, како што е наведено, граѓаните одговорно и храбро ја поведоа Македонија кон целосно меѓународно признавање, соработка со соседите, членство кон Европската унија и НАТО сојузот. Денес Македонија гордо чекори кон сеопфатен развој и исполнување на амбициозните политики.

– Во минатото имавме предизвици од кои излеговме посилни, поминавме низ позитивни и негативни процеси, но заедно ја исправивме Република Македонија во самостоен и независен државен субјект. Превземајќи ја целосно одговорноста за сопствената судбина, во изминативе 22 години докажавме дека имаме капацитет да изградиме здраво, демократско и просперитетно општество, вели Груевски во честитката.

Деновиве, додава тој, го величаме овој ден и им благодариме на сите оние, кои кога беше најпотребно беа најхрабри и помогнаа Македонија да чекори кон посветла иднина.

– Нека овој 8 Септември ни даде сила да продолжиме, нека овој ден не потсетува на предизвиците, кои сме ги надминале и нека овој ден вечно ги потхранува визијата и стремежот за подобра Македонија.

Таквата историска визија и стремеж за сите нас се современо и модерно општество, држава на благосостојба, хармонија и разбирање, членство во меѓународните организации кон кои сме насочени, економски напредна и силна Република Македонија. Нека 8-ми Септември вечно се памети и секоја година се прославува со уште поголема радост, гордост и љубов, стои во честитката од премиерот Груевски по повод Денот на независноста.

Би можело да ве интересира

Францускиот премиер поднесе оставка

Германија ќе ја поддржи резолуцијата на ОН за признавање на палестинската државност

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба

Премиерот на Романија поднесе оставка

А1он