Честитка од премиерот Груевски по повод Курбан Бајрам

Од:

Премиерот Никола Груевскин упати честитка до поглаварот на Исламската заедница во Република Македонија Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи и до верниците од муслиманска вероисповест по повод големиот верски празник Курбан Бајрам

.
– Хуманизмот и милосрдието меѓу луѓето кои се вековна традиција на овој простор и кои се карактеристика на овој празник, нека продолжат и оваа година. Споделувањето и простувањето помеѓу верниците, нивните роднини, пријатели и сограѓани, без разлика на вера, националност или друга определба, нека и оваа година биде симбол на почитувањето, толеранцијата и разбирањето меѓу луѓето. Тоа се вредности кои од секогаш го краселе нашето општество, вредности кои ги втемелиле нашите предци, вредности кои неуморно сме ги граделе низ годините и кои сигурен сум и во иднина ќе ги негуваме и празнуваме во нашата земја, се вели во честитката.

Верувајќи, како што е наведено, во вредностите кои не поврзуваат и со верба во силна, развиена и напредна Република Македонија, ги повика и понатаму да продолжиме заеднички да работиме на реформите и на модернизацијата на нашата земја, на подобрувањето на стандардот на граѓаните, унапредување на нашето граѓанско општество, развој на можностите во културата, образованието и останатите општествени сфери, на промоција на добрите вредности и добрата мисла во Македонија, како најдобра гаранција за понатамошни успеси за заеднички просперитет.

– Со искрени чувства за уважување на големиот празник, би сакал да Ви посакам убави празнични денови, многу здравје, хуманост, среќа и бериќет, стои во честитката од премиерот Груевски.

Би можело да ве интересира

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Поранешниот премиер на Украина, Микола Азаров осуден на 15 години затвор за велепредавство

А1он

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски