Честитка од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата по повод Курбан Бајрам

Од:

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ на сите граѓани од исламска вероисповест во Република Македонија им го честита големиот верски празник Курбан Бајрам.

– Големите верски празници се мигови кога се празнуваат традиционалните вредности на хуманост, толеранција и заедништво. Република Македонија има вековна традиција на заеднички живот помеѓу различните верски и национални групи и таа традиција треба да ја развиваме и негуваме од почит кон нашите предци, но и како обврска за нашите идни поколенија, се вели во честитката.

Во овие денови, се додава во неа, обединети, заеднички да покажеме меѓусебно почитување и да упатиме силна порака дека единствено преку меѓусебно разбирање и соживот ќе создадеме вредности кои ќе дадат огромен придонес за развој и просперитет на нашата држава.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус