А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Честитка од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по повод Денот на независноста

by А1он08/09/2016 - 12:3685
Share0

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ на сите граѓани на Република Македонија им го честита Денот на државноста 8 Септември.

Следете a1on на Instagram Instagram

– На овој ден пред 25 години, 8-ми Септември 1991 година, граѓаните на Република Македонија покажаа одлучност и храброст и ја остварија големата и повеќевековна идеја и аманет на нашите предци, а тоа е сите ние да живееме во своја слободна, суверена и независна држава. Во сите овие години на независност, Република Македонија се соочуваше со бројни предизвици и премрежја, со негативни и позитивни процеси, но и со препреки и проблеми од кои сите ние извлековме поука и излеговме посилни. Покажавме дека со заедничка волја, обединети и сложни сме посилни и може да постигнеме многу, но покажавме и дека заедничката иднина и просперитет е многу поважен од поделбите и несогласувањата, се вели во честитката од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа, се додава во неа,  нека овој голем ден за Република Македонија и сите граѓани ни даде сила и верба да продолжиме заедно да се бориме со сите предизвици.

– Само на тој начин ќе ја зачуваме, одржуваме и продолжиме големата идеја за силна, слободна, суверена и независна Македонија. Нека ни е честит и вековит 8-ми Септември! Нека ни е вечна нашата татковина Република Македонија!, се истакнува во честитката од оваа пратеничка група.

Следете a1on на Youtube YouTube
dpmne

Би можело да ве интересира

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Катерина Ѓуровски13/11/2026 - 11:47

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски13/11/2026 - 10:5613/11/2026 - 16:07

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Катерина Ѓуровски08/11/2026 - 13:43

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Катерина Ѓуровски02/11/2026 - 10:35

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео