Честитка од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по повод Денот на независноста

Од:

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ денеска упатија честитка до граѓаните по повод Денот на независноста на Македонија.

– 8-ми Септември 1991 година е денот кога граѓаните на Република Македонија покажаа одлучност и храброст и ја остварија големата и повеќевековна идеја и аманет на нашите предци, а тоа е сите ние да живееме во своја слободна, суверена и независна држава, се вели во честитката.

Притоа се додава дека сите овие години на независност, Република Македонија се соочувала со бројни предизвици, премрежја и искушенија, со негативни и позитивни процеси од кои сите сме извлекле поука и сме излегле посилни.

– Покажавме дека со заедничка волја, обединети и сложни сме посилни и може да постигнеме многу, но покажавме и дека заедничката иднина и просперитет е многу поважен од поделбите и несогласувањата. Затоа, нека овој голем ден за Република Македонија и сите граѓани ни даде сила и верба да продолжиме заедно да се бориме со сите предизвици кои што ќе застанат на патот на нашата држава бидејќи само на тој начин ќе ја зачуваме, одржуваме и продолжиме големата идеја за силна, слободна, суверена и независна Македонија, стои во честитката.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела