Честитка од Никола Груевски по повод 11 Октомври

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски испрати честитка по повод празникот 11 Октомври – Денот на  народното востание.

„Mи претставува особена чест и задоволство од името на ВМРО-ДПМНЕ и од мое лично име да Ви го честитам 11-ти Октомври – Денот на Народното Востание.

Денес, Република Македонија ја слави Народноослободителната борба и нејзиното значење во остварувањето на вековниот сон на нашите предци за сопствена државност. 11-ти Октомври e историскиот континуитет на вековната идеја на нашиот народ за борба за слободна и самостојна Република Македонија. Оддавајќи почит на партизаните од Народноослободителната борба, оддаваме почит и кон сите наши предци кои со своето дело покажаа како се бори, како се сака и како посветено се работи за Македонија.

Празниците како денешниот се одлична можност да се потсетиме на минатото, но и да погледнеме кон иднината. Наша заедничка цел е подобра и поуспешна Република Македонија, и токму затоа е потребно обединети да продолжиме да чекориме кон оваа цел. Со заеднички сили и напори, со заедничка работа и посветеност да покажеме дека заедно можеме да извојуваме нови победи за нашата држава. Нови победи за успешна и просперитетна Република Македонија. Наша заедничка цел е силна Македонија!

Нека ни е честит и вековит државниот празник 11-ти Октомври! Нека ни е успешна и вечна Татковината!

Да живее Република Македонија“, се вели во честитката на Груевски.

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Димитриевски: 11 Октомври – Денот кога избравме храброст, а не страв

А1он

Oдбележување на Денот на народното востание

А1он

Претседателката по повод 11. Октомври: Исправени сме пред нови предизвици, од нас се бара зрелост, мудрост и храброст

А1он