Министерот за култура Асаф Адеми упати честитка до верниците од исламска вероисповед по повод денешниот празник Рамазан Бајрам.
– Откако помина месецот на постот и високите вредности, посакувам денес на сите муслимански верници во земјата да им го честитам големиот празник Фитр Бајрам, со желба – како што месец Рамазан беше период на величествените обиди и возвишени вредности – и Фитр Бајрам да биде миг кога верниците се продуховени со нивното достигнување, се вели во честитката.