Честитка од министерката Шекеринска по повод Рамазан Бајрам

Од:

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска упати честитка до граѓаните во Република Македонија од исламска вероисповед по повод празникот Рамазан Бајрам.

– Дозволете ми да ви го честитам празникот Рамазан Бајрам и завршувањето на рамазанските пости. Овој свет празник нека донесе душевен мир, трпение, разбирање и љубов. Нашата цел е да ги исползуваме различностите да нè направат посилни. Тоа е силата на Република Македонија, се наведува во честитката.

Во неа се додава дека празникот ни овозможува да ја зацврстиме меѓусебната почит и со заеднички сили да изградиме Армија и одбрана достојна за сите. Овие институции, се истакнува, ги градиме како гарант на нашата државност, слободата и независноста на нашата заедничка татковина.

Во честитката стои дека сите заедници во Република Македонија знаат меѓусебно да се почитуваат и знаат со заеднички сили да го чуваат она што за сите нас е најзначајно – слободата, сигурноста и демократијата. Тоа е единствениот пат кон заедничко, правично и просперитетно општество со еднакви можности и достоинствен живот за сите.

– Убедена сум, се вели во честитката, дека заедно ќе ги достигнеме сите цели, на патот кон вистинско демократско и просперитетно општество.

Би можело да ве интересира

Русија распореди три „прстени“ за воздушна одбрана за да ја заштити Москва

Мицкоски: Да го негуваме соживотот, да градиме доверба, да вложуваме во заедничка иднина

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Мисајловски најави забрзана модернизација на одбраната во 2026 година

(ВИДЕО) Зеленски: Наскоро ќе извезуваме оружје, така ќе ја плаќаме одбраната

Германската влада ја зајакнува воздушната одбрана на источното крило на НАТО