Честитка од Мицкоски по повод католичкиот празник Велигден

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати честитка по повод католичкиот празник Велигден.

„Почитуван г-дине Стојанов,

Mи претставува особено задоволство и чест, во свое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ, Вам и на сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија, да Ви го честитам големиот христијански празник – Велигден.

На најсветлиот и најголемиот христијански празник да Ви посакам мигови на радост, спокој и љубов во секој дом. На денот кога ја славиме победата на животот над смртта да се потсетиме дека само со верба во себе и почит кон другите, ќе успееме да се избориме со сите предизвици и да изградиме просперитетна иднина на нашата држава.

Велигден ни дава голема радост и надеж, не поттикнува да ги надминеме поделбите, да создаваме добри дела и да се почитуваме еден со друг. Само сложни и обединети во овие празнични денови можеме да се избориме за подобра иднина и успех на сите нас.

Воскресението Христово е празник на семејството и ближните и затоа ви посакувам да го минете во мир, здравје и хармонија.

Нека е за многу години големиот празник!

Христос воскресна!

Навистина воскресна“ се вели во честитката на Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Мицкоски: Извозот во септември пораснал за 22 до 23 отсто, разликата со увозот е историски најголема

Левица: Игнорантниот Мицкоски прашува „Каде има корупција?!“, Рокас му одговара – во вашата власт, премиере!

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

Мицкоски: Обвинувањата на опозициската СДСМ за фингирање на јавниот долг се саботажа

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски