Честитка од Мицкоски до Вебер за изборот за Кандидат на ЕНП за Претседател на Европската Комисија

Од:

„Од името на ВМРО-ДПМНЕ би сакал уште еднаш да ви честитам за изборот за Кандидат на ЕНП за Претседател на Европската Комисија. Со вас како Кандидат на ЕНП за Претседател на Европската Комисија сум уверен дека ЕНП одбрал идеален кандидат за да го движи процесот на Европска интеграција напред во следните години.

Ми беше задоволство повторно да се сретнеме во Хелсинки и да дискутираме за прашања кои се од значење на само за нашето политичко семејство, туку и за просперитетот и стабилноста на целиот Европски континент. Со нетрпение очекувам дека ќе работиме заедно во процесот на интеграција на Република Македонија во Европската унија – процес на кој нашата политичка партија има длабока посветеност.

Посветеноста кон силна, стабилна, безбедна и просперитетна Европа секогаш била споделена во рамките на ЕНП. Заедно ќе се придржуваме кон оваа обврска и повторно ќе докажеме дека темелите врз кои Европската унија е изградена и развиена се навистина највисоко достигнување на современата демократија“, се вели во Честитка од Христијан Мицкоски до Манфред Вебер за изборот за Кандидат на ЕНП за Претседател на Европската Комисија.

Би можело да ве интересира

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски